Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта за недосудените пенали за Барселона против Рајо: Ако се работеше за Реал…

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона повторно беше незадоволна од судиите во Ла Лига и протестираше поради два недосудени пенали на гостувањето кај Рајо Валјекано, на кое двете екипи освоија по еден бод, а шампионот беше поразочаран од ваквото сценарио.

Претседателот Жоан Лапорта денеска го потврдил ставот на тренерот Чави во однос на спорните моменти, а во одговорот го споменал и најголемиот ривал Реал Мадрид. Лапорта ги негирал шпекулациите дека размислува за отказ за клупската легенда и побарал медиумите да се фокусираат на поконкретни теми.

– Изминатава недела читам само глупости и нелогични тврдења, наместо фокусот да биде на пеналите кои не ги добивме против Рајо.

– Ако ова му се случеше на Реал Мадрид, сигурно за тоа ќе се зборуваше цела недела, – рекол Лапорта.

Првиот човек на Барса од друга страна не го крие задоволството што клубот конечно се враќа во нокаут фазата на Лигата на шампионите.

– Среќен сум најмногу поради Чави, заслужи вакво нешто. Мораше да се носи со многу тешки ситуации, со многу повредени играчи… Задоволство е да се гледаат головите на Жоао, да се види како Педри трча 13 километри, враќањето на Френки. Повторно имаме доминантен посед и со вакви игри ќе бидеме непобедливи, – вели претседателот на Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни