Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта за играчот кој „гази“ на ЕП: Многу ми се допаѓа, Барселона има пари за негов трансфер

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Барселона е многу мирна кога се во прашање активностите на трансфер пазарот и нема договорено ниту едно засилување и покрај многуте шпекулации.

Каталонците имаат нов тренер во името на Ханси Флик кој секако има свои замисли, барања кога се во прашање трансферите, ама треба да се земе предвид специфичната финансиска ситуација во која е шпанскиот великан.

Барселона во изминатиов период многу се поврзува со Нико Вилијамс кој својата одлична форма од Атлетик Билбао ја преслика и во шпанската репрезентација каде блеска на ЕП.

Крилото има договор до 2027 година и Билбао би се откажал од него само ако биде принуден, поточно биде активирана откупната клаузула од околу 60 милиони евра. Барса може тоа да го направи, нешто за кое стигна потврда од претседателот Жоан Лапорта.

-Многу ми се допаѓа, ама мора да ги оставиме да работат тие што се одговорни, Деко работи на засилувања кои се дискутирани со Флик, се надевам на добри вести, -рече Лапорта кој порача дека клубот може да си го дозволи трансферот на Вилијамс.

-Денеска можеме тоа да го направиме. Тоа е резултат на работата што е направена низ годините за да се дојде до оваа точка, би можеле да потпишеме играч од ова ниво, -истакна претседателот на великанот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни