Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта за две засилувања за Барселона: Ако продолжат вака…

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта најави два потези кои клубот може да ги преземе во 2024 година кога се во прашања засилувањата за наредната кампања.

Поради финансиската состојба во клубот, Барса беше многу скромна во поглед на потрошената сума во летниот преоден рок, поточно повеќе се фокусираше на слободни агенти, а обезбеди и двајца играчи на позајмица-тоа се португалските репрезентативци Жоао Феликс и Жоао Кансело.

Тие официјално се членови на Атлетико Мадрид и Манчестер Сити, но Лапорта најави нивни перманентни трансфери ако продолжат со своите квалитетни изданија за шпанскиот првак.

-Па ако продолжат вака да играат, ќе мора да се потрудиме да потпишеме со нив. Но исто така многу зависи од тоа што Деко ќе каже. Сакам најдоброто да остане. Навистина ми се допаѓа Жоао Феликс, секогаш ми се допаѓал. Во тимот на Барса има многу компетитивни играчи. Имаме тим со многу поголема вредност на пазарот отколку што имавме кога пристигнавме. Многу од нив доаѓаат и од академијата што е важно. Тоа не прави конкурентни. Кој не ги сака Педри, Гави, Балде, Левандовски, Рафиња, Кансело…? -порача Лапорта за Радио Каталуња.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни