Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта за ангажманот на Левандовски: Не е лесно, ја знаете нашата ситуација

Објавено

на

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта даде краток коментар поврзан со можниот ангажман на Роберт Левандовски во летниот преоден рок.

Полјакот сака да си замине од Баерн Минхен откако не најде заеднички јазик со управата за продолжување на соработката, а Барселона се појави како најсериозен кандидат за неговиот потпис.

Сепак, поради фактот што Левандовски има уште една година од договорот, јасно е дека од Баерн Минхен ќе бараат позавидна сума за да го ослободат од обврските, додека пак Барселона нема да може да се расфрла со пари поради нивната ситуација.

Токму тоа го изјави и Лапорта кој посочи дека нема да е лесно да се ангажира одличниот голгетер.

– Трансферот на ЛЕвандовски? Нема да е лесно, запомнете дека нашата финансиска состојба не е најдобра. Да ги оставиме Жорди Кројф и Матју Алемани да работат, -изјави Жоан Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни