Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта воодушевен од новото засилување: Го добивме тоа што го бараше Чави, играч како Јаја Туре (Видео)

Објавено

на

Жоан Лапорта на денешната церемонија по повод претставувањето на Франк Кеси откри дека Барселона се уште не може да купува фудбалери со исплаќање на милионски отштети и посакуваните засилувања ќе мора да почекаат, но затоа не го криеше воодушевувањето што доби два врвни играчи како слободни агенти.

Еден е токму досегашниот играч на Милан (вториот е Кристенсен од Челси), а на презентацијата на Кеси истакна дека доаѓа тио на фудбалер кој бил петиција на Чави Ернандес.

Претседателот на Барселона вели дека актуелниот тим на Барса нема профил на играч како што е Кеси, кој тој инаку го спореди со еден негов познат сонародник од Брегот на Слоновата Коска.

– Му посакувам добредојде на Кеси и на цело негово семејство. Играчот покажа голема желба да дојде кај нас и навистина многу сум задоволен бидејќи Чави беше тој кој сакаше играч со вакви карактеристики.

– Ги исполнуваме очекувањата на нашиот тренер и знаеме што сакаме. Кеси доаѓа од Брегот на Слоновата Коска и е сличен како Јаја Туре. Станува збор за играч за врска како што немавме во нашиот тим. Кеси знае да игра во офанзива и да ја штити одбраната, – изјави Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни