Поврзете се со нас

Свет

Лапорта влезе во соблекувалната и со многу емоции прослави втор трофеј во три дена (Видео)

Објавено

на

Барселона со години наназа доминира во шпанскиот ракомет и едноставно нема достојна конкуренција, па вечерва и официјално и математички ја потврди новата титула во АСОБАЛ лигата по 28 комплетирани натпревари.

Тимот на Пуенте Хенил беше само обичен спаринг за каталонскиот гигант и победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање, а доминацијата на Барса во Шпанија најдобро е изразена со статистиката која вели дека ова беше 28-ми триумф на 28-от одигран натпревар.

Со победата од 37:21, Барса остави зад себе еден план кој јасно беше зацртан уште пред стартот на сезоната, па сега ќе може да се концентрира на натпреварите во Лигата на шампионите.

Освоената титула беше прва за Барселона по враќањето на Жоан Лапорта во клубот, којпат во период од само два дена прослави уште една титула, а мора да се напомене дека и оваа ја славеше еуфорично како онаа во Купот против Атлетик во неделата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни