Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта: Убеден сум дека Меси ќе остане во Барселона

Објавено

на

Барселона ја доби Куп битката со Атлетик Билбао и на тој начин дојде до првата титула во оваа натпреварувачка кампања.

Каталонците беа доминатни пред се во второто полувреме во кое конечно со скршија голманот Симон и потоа со четири „парчиња“ дојдоа до славје од 4-0. Ова секако донесе голема радост, задоволство во таборот на шпанскиот великан, а првиот човек на клубот Жоан Лапорта даде оптимистична вест дека Лионел Меси ќе потпише нов договор.

-Лео е најдобриот фудбалер во светот и има многу силна врска со клубот. Убеден сум дека сака да остане тука, а ние како клуб ќе сториме се што е во наши раце тоа да се случи. Можеше да види декае опкружен со добар тим околу себе кој е способен да игра убав фудбал, -истакна Лапорта.

Договорот на Меси со Барселона завршува во месец јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни