Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта: Супер лигата ќе биде најважно натпреварување во светот, многу коинциденции се поврзани со ПСЖ

Објавено

на

Жоан Лапорта денеска зборувал пред делегатите на клупското собрание на Барселона и ја искористил можноста да објави детали за проектот Супер лига и неговата иднина.

Првиот човек на шпанскиот спортски клуб не заборавил да го критикува и ПСЖ, чие раководство одеднаш се приближи до УЕФА, а претседателот Насер Ал-Келаифи стана претседател на ЕЦА.

– Каква коинциденција е што одреден клуб во државна сопственост кој одби да влезе во Супер лигата, инвестира како никогаш досега. Каква коинциденција е што можат во овој период да понудат двојно поголеми плати на фудбалерите, – изјавил Лапорта, алудирајќи на ПСЖ, па и трансферот на Вајналдум.

– Супер лигата е жив проект. Веднаш штом добиеме зелено светло од судовите, ќе го формираме најважното спортско натпреварување во светот и сите ќе сакаат да ни се приклучат.

– Времето покажа дека сме во право. УЕФА ја прекина дисциплинската постапка и ни издаде лиценца за настап во Лигата на шампионите. Супер лигата нема да има конфликт со домашните првенства и другите натпреварувања на УЕФА, единствената разлика е што ќе биде раководено од клубовите, – изјавил Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни