Шпанија
Лапорта: Шпанското натпреварување е фалсификувано!

Жоан Лапорта вчера ја даде првата изјава за случувањата на „Сантијаго Бернабеу“ и истите ги окарактеризира како срамни, но денеска даде уште побрутална изјава и обвини дека со таквите одлуки на судиите се фалсификува шпанското првенство.
Барселона ќе дојдеше на минус четири од Реал Мадрид доколку „кралевите“ загубеа од Алмерија, но сега разликата се уште е седум бода и каталонците ќе мора да чекаат друга шанса за да ја намалат негативата.
– Не смееме да дозволиме поголема фалсификација на шпанското првенство со одлуки како онаа во неделата на „Сантијаго Бернабеу“. Го кажувам ова бидејќи не се работи за грешки само иизминатава недела.
– Ја анализираме оваа тема и заклучивме дека има серија грешки од кои профитирал нашиот голем ривал за титулата. Судиските одлуки одат во прилог на нашиот ривал. Зарем треба да кажам дека сме навикнати на тоа?
– Му го кажав ова и на првиот човек на шпанската фудбалска Федерација. Се обидоа да ме смират, се обидоа да ми објаснат дека судиите не чувствуваат притисок. Имам почит кон судиите, но гледаме раоти кои многу не загрижуваат и ако продолжиме вака, ќе биде многу тешко да ги оствариме целите кои си ги имаме зацртано, – изјави Лапорта во денешното интервју за „Мундо Депортиво“.
-
НБА22 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија11 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Италија20 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија20 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Лука Тони: Toa не е добар знак за Јувентус…
-
НБА23 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)
-
Македонија24 часа
Шкендија во возбудлив меч загуби од Динамо Киев (ВИДЕО)
-
Свет23 часа
Поранешен европски шампион заинтересиран за Погба: Ќе бидеме среќни…