Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта се огласи за иднината на Куман пред „финалето“ со Кадиз

Објавено

на

Барселона вечерва му гостува на Кадиз во последниот меч со кој ќе биде затворено шестото коло во Примера, а кој според јавноста во Шпанија е последна шанса за Роналд Куман да си ја спаси својата работа како тренер на каталонскиот гигант.

Холанѓанецот вчера одработи една од најнеобичните прес-конференции во поновата историја и го напушти прес-центарот откако го прочита соопштението кое го имаше подготвено, сценарио кое не било најавено во клубот и за кое Лапорта дознал непосредно пред излагањето на тренерот на првиот тим.

Лапорта денеска јасно порача дека секој има слобода на изразување и тоа може да го прави како што сака, но се огласи и за иднината на Роналд за кого порача дека „засега ја има довербата од водечките луѓе“.

– Иднината на Куман не зависи од резултатот кој ќе го оствариме оваа вечер. Ние сме зад тренерот, засега стоиме зад него. Куман е тренер на првиот тим на Барса и сакаме работите да тргнат на подобро. Во последен момент дознавме дека ќе прочита соопштение на пресот. Тој има обврска да се појави на пресот и слободен е да бира што ќе каже и какво мислење ќе сподели со јавноста. Ја почитуваме неговата одлука, но и јас и капитените на тимот дознавме непосредно пред случувањето.

– Работата на сите тренери, а не само онаа на Куман е тесно поврзана со резултатите. Во случајот на Барселона, се вклучува и играта на тимот. Куман е наш тренер и денеска стоиме зад него, – порача Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни