Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта се огласи за драмата со Чави и ја објасни одлуката: Некои негови изјави…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Жоан Лапорта и неговите најблиски соработници за краток временски период донесоа две сосема различни одлуки кога е во прашање Чави Ернандес на кого прво му даваат јавна поддршка и бараа од него да се предомисли и остане во клубот и во кампањата 2024/2025, па откако тоа вроди со плод набрзо дојде нов пресврт за отказ на легендата.

Ова дефинитивно дополнително ја наруши сликата за Барселона која дефинитивно има доста проблеми во вториот мандат на Лапорта кој вети враќање на клубот на највисоко ниво, но засега тоа е далеку од реалноста со тоа што во овој период освен со Чави го напушти односот и со Лео Меси, Роналд Куман, а не треба да се заборави и на кошаркаската секција и односот кон Никола Миротиќ и Шарунас Јасикевичиус кој во повеќе наврати се воздржува докрај да не каже што се случува и како функцинираат работите.

Токму првиот човек на каталонците имаше можност да го каже својот дел од приказната за ситуацијата за Чави, односно зошто морал да му се заблагодари за услугите.

-Чави ми кажа дека има доверба во овој тим, но потоа некои негови изјави изгледаа како да го сменил говорот. Тоа ме натера да се преиспитам и имав чувство дека морам да направам промена, тоа чувство го имаше и одборот.

-Чави заврши добра работа, го презеде тимот во моменти на максимални тешкотии. Минатата година ги освоивме лигата и Суперкупот, но оваа година работите не тргнаа добро. Во февруари се согласив да го пуштам да замине во јуни затоа што е куле и затоа што ни помогна итно да не бараме замена. Потоа тој побара од нас да продолжиме и јас го прашав дали верува во тимот и тој рече да.

-Она што се промени во однос на тимот ме натера да се преиспитам и мислев на Ханси Флик да го извлечам најдоброто од овој тим. Завршено е на елегантен начин со Чави, кој ги има отворените вратите на клубот затоа што тоа го заработи, -порача претседателот на шпанскиот вицешампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни