Поврзете се со нас

Франција

Лапорта: ПСЖ може да го добие Меси само под еден услов

Објавено

на

Аргентинската супер ѕвезда Лионел Меси е во последните месеци од актуелниот договор со Барселона и веќе може слободно да преговара со другите екипи за преселба кај нив како слободен агент по крајот на оваа сезона.

Сега засега нема некои конкретни информации дела Меси разговара, преговара со некои тимови, но има екипи кои не кријат дека би направиле се за да го видат во своите редови. Најконретен е ПСЖ кој веќе почна отворено да говори за тоа, па веќе неколку пораки испратија спортскиот директор Леонардо, но и новиот тренер Маурисио Покетино.

Ова не му се допадна на Жоан Лапорта кој е најсериозен кандидат за нов претседател на каталонците, па директно во свој стил порача дека „светците“ само на еден начин или под еден услов можат да го добијат Меси-тоа е да го прекршат правилото за финансиски фер плеј.

-Тоа го сметам за несоодветно. Тоа го покажува нивниот недостаток на искуство на ова ниво. Тие сè уште имаат многу да научат во светот на фудбалот. Не знам дали оваа реакција е инстинктивна или е грешка во комуникацијата. Од моја страна, секогаш сум ги почитувал другите клубови.

-Не знам дали можат да го потпишат. Можеби да, но само ако продолжат да ги кршат правилата за финансиски фер-плеј … според она што го знам, тие имаа значителни загуби минатата година. Би бил љубопитен да дознаам дали ќе ги игнорираат правилата на ФФП за да го донесат. Доколку тоа се случи, се надевам дека УЕФА и ФИФА ќе реагираат цврсто и дека Спортскиот арбитражен суд нема да воздржи кога е во прашање донесување на пресудата, -порача Лапорта за „Л’Екип“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни