Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта призна дека директорите се соочуваат со проблеми во „случајот Араухо“

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Жоан Лапорта денеска имаше јавно обраќање пред сите сосиоси и директори на Барселона со цел да ја разјасни цела непријатна ситуација околу регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор, но откако овој случај успеа да биде архивиран, претседателот се огласи и на тема која од пред три дена е доста поактуелна.

Продолжувањето на Роналд Араухо во клубот е сериозно доведено во прашање, а бидејќи Уругваецот до пред само неколку месеци беше омилен фудбалер на првиот човек на Барселона, шпанските новинарите го запрашаа Лапорта дали во меѓувреме го променил мислењето.

Лапорта во 2024-та година во едно излагање посочи дека доживотно би му го продолжил договорот на еден од капитените, но сега признава дека директорите кои преговараат за негово останување имаат проблеми, кои се надева дека ќе бидат надминати.

– Сите играчи кои имаат важечки договори сакаме да останат кај нас. Сите се влијателни и сакаме да останат. Араухо има важечки договор до 2026-та година, но се појавија некои околности во кои јас не сакам да навлегувам.

– Тоа е тема за директорите, ние многу го почитуваме Араухо на професионално ниво и сметаме дека се уште има простор да се пронајде решение кое ќе ги задоволи двете страни, – изјави Лапорта.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни