Шпанија
Лапорта при годишното обраќање: Барселона постигна историски договор со кој се враќа во прв ред на светско ниво
Жоан Лапорта денеска говорел пред сосиосите и членовите на Управниот одбор на Барселона, а главна новост е историскиот договор кој успеа да го потпише мандатарот на каталонскиот гигант пред извесно време.
После макотрпни и долги преговори, Барселона сепак успеа да пронајде заеднички јазик со „Најк“ и ја продолжи соработката која датира од 1998-ма година, со тоа што новиот договор е историски и најголем во историјата на фудбалот.
Барса ќе инкасира околу 1,7 милијарди евра од американската компанија во наредните 14 години, или по сезона ќе добива околу 130 милиони евра што е неверојатна финансиска инјекција за стабилизација на клубот.
– Мора да се признае дека имаше загуба на меѓусебната доверба за време на тешките преговори, постоеше и голема шанса секој да тргне по свој пат. На крајот, Најк реши да не ислуша и постигнавме договор после еден долг процес во кој имавме целосно спротивставени мислења. Поради тоа, моравме да ангажираме и медијатор за да ја вратиме загубената доверба и да ги приближиме ставовите. Со таа помош го потпишавме историскиот договор.
– Со овој договор ќе бидеме посилни, посамоуверени и попосветени во обидот да го вратиме сјајот на најдобриот клуб во светот. Барселона со овој договор се враќа во прв ред на светско ниво, – порачал Лапорта.
-
Италија15 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства12 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Англија15 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија14 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Италија9 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Македонија12 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ го мина Федерер и обезбеди место во третото коло во Мелбурн, нова фуриозна партија на Алкарас
-
Шпанија24 часа
Димитриевски одново сочува „чиста мрежа“, Валенсија прв четвртфиналист во Купот (Видео)