Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта потврди: Одбивме 200 милиони евра за Јамал!

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBmasia

Жоан Лапорта ги откри плановите кои ги има Барселона за наредната натпреваруврачка сезона и целта ќе биде да се задржат најдобрите млади играчи во првиот тим, а еден од нив секако е Ламин Јамал.

Првиот човек на клубот во интервјуто за подкастот „Барса еден“ кој беше емитуван на „Спотифај“ ја потврди веста која стана доста популарна на почетокот на месец март, информација која ексклузивно ја пренесе шпанската „Марка“.

Угледниот медиум тогаш тврдеше дека Барселона одбила 200 милиони евра од ПСЖ која сакала да го доведе Ламин како замена за Мбапе, а оваа сторија сега беше потврдена од страна на Лапорта.

– Ни пристигнуваат понуди за сите наши најдобри млади играчи. На пример, за Ламин Јамал добивме понуда од 200 милиони евра и ние кажавме „НЕ“!

– Рековме „НЕ“ бидејќи веруваме во момчето, веруваме во неговиот спортски раст и во моментов немаме потреба да продаваме. Се наоѓаме во процес во кој економски се опоравуваме и полека го гледаме крајот на тунелот, – изјави Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни