Лапорта посочи зошто Барселона не смее да го купи Гризман

laporta-slusalki

Антоан Гризман вчера и официјално соопшти дека ќе го напушти Алтетико Мадрид ова лето, објава со која покрај тоа што беа потврдени големите промени во составот на Чоло Симеоне, молњевито започнаа и шпекулациите за неговиот премин во Барселона.

Како што информираат шпанските медиуми, огромни се шансите Барса конечно да го реализира трансферот кој пропадна минатото лето, но тоа не му се допаѓа на човекот кој до пред неколку години беше одговорен за сите случувања на „Камп Ноу“. Жоан Лапорта пред извесно време навести дека ќе се кандидира доколку има нови претседателски избори во Барселона, а сега излезе со свое мислење со кое се обиде да објасни зошто трансферот на Гризман е лоша операција за каталонскиот гигант.

– Мислам дека најголем дел од фановите не го сакаат Гризман, а со оглед на сумата која се споменува, мислам дека тоа е навистина претерано. Сметам дека има други играчи со поголема проекција кои можат перфектно да се вклопат во Барселона и да бидат подобар избор од Гризман, – нагласи Лапорта откако стана јасно дека Гризман за сума од 120 милиони евра си заминува од „Ванда Метрополитано“.

Facebook Коментари