Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта осигура посветла иднина за клубот: Барселона го официјализираше историскиот договор со „Најк“ (Фото)

Објавено

на

foto:x.com/FCBarcelona_es

Барселона мина низ навистина тежок период поради финасиски проблеми и Жоан Лапорта мораше драстично да ги крати трошоците, но после надминатата криза, самиот претседател пред извесно време најави дека следат многу посветли и поведри денови за каталонскиот гигант.

Најавеното завршување на реновираниот „Камп Ноу“ е збогатено со историски договор со познатата американска компанија „Најк“, која и покрај шпекулациите, на крајот останува бренд кој ќе ја спонзорира Барселона и во наредните 14 години.

Барса и „Најк“ имаат тесна врска од 1998-ма година наваму и на крајот на минатата сезона се појавија шпекулации за прекин на соработката, па иако Лапорта отворено преговараше со „Пума“, на крајот Американците решија да ја израмнат понудата.

Според ексклузивните информации кои се достапни за угледните шпански и каталонски медиуми, Барселона како клуб ќе инкасира нестварни 1,7 милијарда евра од „Најк“ до 2038-ма година, што е апсолутен рекорд кога е во прашање еден спонзорски договор во фудбалот.

Гледано од сезона за сезона, Барселона во една кампања по просек ќе добива по 127 милиони евра од „Најк“, а во договорот се вклучени две етапи. Првата до 2028-ма година е своевидно подобрување на договорот кој беше важечки, но исто така потпишан е и нов договор за дополнителна соработка од 2028-ма до 2038-ма година.

-ФК Барселона и Најк, два водечки бренда во спортската индустрија, со задоволство најавуваат нов почеток со повеќегодишен договор за соработка. Истиот тој стапува на сила од оваа сезона и со тоа се обезбедува нов модел на  стратешка соработка и партнерство меѓу двете организации, – гласи објавата на Барселона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни