Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта одби категорично да отфрли продажба на Де Јонг, но порача: Големи се шансите да остане

Објавено

на

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта повторно е во фокусот на јавноста затоа што уште еднаш отворено се појави пред новинарите и разговараше на најразлични теми поврзани со неговиот клуб.

Јавноста ја интересира судбината на Френки Де Јонг, играчот кој речиси во текот на целиот преоден рок се поврзува со премин во Манчестер Јунајтед, клуб кој наводно од претходно ги договорил финансиските детали со Барселона, а сега се чека само на „амин“ од играчот.

Дека трансферот на холандскиот фудбалер на „Олд Трафорд“ не е ни малку извесен говори последната изјава на Лапорта која го доближува Де Јонг до останување на „Камп Ноу“ и во иднина.

– Во фудбалот никогаш не знаете што ќе се случи. Се зависи од различни околности, но можам да кажам дека големи се шансите Де Јонг да остане, а јас ќе сторам се што е во моја моќ тој да остане во Барселона, -јасен беше Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни