Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта објаснил зошто Гундоган ја напушти Барселона

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBarcelona

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, денеска одржал прес-конференција, а на истата пред новинарите зборувал отворено за многу теми поврзани со шпанскиот фудбалски великан.

Каталонците одлично ја започнаа новата сезона и имаат максимален ефект по четири рунди, а Лапорта очекува подобри денови во однос на финансиската ситуација и статусот на во моментов повредените играчи.

Една од главните теми на пресот бил и изборот на фудбалери под водство на новиот тренер Ханси Флик, вклучувајќи го и заминувањето на Илкај Гундоган по само една сезона.

– Жоао Кансело и Жоао Феликс се споменуваа често, но ние решивме да не ги ангажираме поради конфигурацијата на тимот направена од Флик и Деко.

– За Гундоган можам да кажам дека е одличен човек и фудбалер, имавме одлична сезона со него.

– По состанокот со Флик и разговорите за составот, тој реши дека сака да замине, се работи исклучиво за спортска одлука. Со ангажирањето на Дани Олмо кој игра на слична позиција, тоа беше одлука на фудбалерот и клубот. Ги прочитав коментарите дека се работи за потег од финансиски мотиви, но тоа не е точно, – рекол Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни