Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта најави светли денови за Барса: Потпишуваме договор кој ќе биде најдобар во историјата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBarcelona

Жоан Лапорта го искористи своето обраќање за „Барса еден“ за да направи една мала рекапитулација на се она што го сработи на финасиски план откако по вторпат ја презема Барселона, но на јавноста и најави дека клубот полека влегува во мирни води и ќе може да инвестира поголеми суми на трансфер пазарот.

Причина за тоа е стабилизираната економска состојба, но и огромната финансиска инјекција која ќе пристигне со потпишувањето на историскиот договор со „Најк“.

Иако на почетокот на летото Лапорта преговараше и со други познати брендови и беше во напредна фаза да се договори со „Пума“, на крајот дресовите на БАрселона повторно ќе ги изработува елитната американска компанија, која решила да ја израмни последната понуда и да остане на чело како главен спонзор.

– Договорот со „Најк“ ќе биде најдобар во светскиот фудбал. Можевме да го потпишеме уште во август, но не го направив тоа зошто чекав уште подобра понуда.

– Отидовме на пазарот и баравме подобра понуда и ја најдовме. На крајот, „Најк“ реши да ја израмни понудата која ја пронајдовме на пазарот. Во завршни преговори сме и наскоро се ќе биде објавено јавно. Договорот ќе биде историски и ќе биде во времетраење од 10 години, – открива Лапорта.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни