Шпанија
Лапорта мора да реши еден голем проблем до крајот на денот, последниот збор го има Ла Лига
Судот во Каталонија ја одби и втората жалба на Барселона за регистрација на Дани Олмо, па по последната епизода која се случи вчеравечер, на Жоан Лапорта му останува во игра само една карта.
Претседателот на Барселона мора да реши еден голем проблем до крајот на денот, бидејќи само така ќе избегне сценарио кои не сака да го замисли ниту тој, ниту било кој фан на каталонскиот гигант.
Олмо може да стане слободен агент ако остане нерегистриран од Барса до вечерва на полноќ, но како што јавуваат каталонските медиуми, малку веројатно е да се случи такво нешто поради „асот во ракавот“ кој го има Лапорта.
Претседателот на Барса веќе испратил писмен допис до Ла Лига и доставил гарантни листови за операцијата која ја направил, а истата треба да овозможи регистрација на Дани Олмо, но и на Пау Виктор.
Лапорта не можеше да пронајде друг излезе за комплексната ситуација и мораше да се реши за опција во која ќе отстапи добар дел од ВИП ложата на реновираниот „Спотифај Камп Ноу“, договор според кој Барселона ќе добие околу 100 милиони евра, но ќе мора да ослободи голем број седишта во период од 20 години.
Изнајмените ВИП седишта значително ќе го стеснат кругот на директори кои ќе можат во живо да ги следат натпреварите на Барселона, па иако станува збор за доста непопуларен потег, истиот е единствениот кој може да го реши проблемот на Лапорта до крајот на денот.
Последниот збор ќе го има Ла Лига, па до крајот на денот ќе се знае дали шпанската фудбалска организација ќе ја одобри оваа операција на каталонците.
-
Светски првенства14 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија14 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП12 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
Светски првенства24 часа
Луд финиш во режија на браќата Душебајеви: Алекс погоди, Даниел спречи чист гол во последната секунда (Видео)
-
АТП7 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Германија11 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Шпанија23 часа
Чаби Алонсо: Времето минува, но мојата врска со Реал останува незаборавна