Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта: Мбапе ќе ја измести соблекувалната во Реал Мадрид!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Шпанските медиуми веќе на големо пишуваат за најавениот трансфер на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, а како надополнување на изјавата која ја даде Хавиер Тебас, вечерва за првпат се јави и Жоан Лапота.

Првиот човек на Ла Лига минатата седмица порача дека Реал Мадрид 99 проценти го договорил францускиот напаѓач и се е подготвено за неговот пристигнување во престолнината, па додека фановите на „кралскиот клуб“ се подготвуваат за тим кој ќе изгледа непобедливо, Лапорта вели дека не е воопшто загрижен.

Претседателот на Барселона алудира на тоа дека Мбапе може да донесе проблеми во соблекувалната на Реал, пред се поради тоа драстично повисоката плата која ќе ја добива од сите останати ѕвезди.

– Дали му завидувам на Реал Мадрид за Мбапе? Не, воошто не им завидувам. Немам точна информација дали ќе се случи трансферот, ќе треба да почекаме. Имам интуиција дека ќе биде, но со такви трансфери има и проблеми.

– Ако дојде Мбапе, ќе мора да си оди еден важен играч од нападот. Покрај ова, зборувајќи за сумите кои кружат во јавноста, Мбапе ќе ја измести соблекувалната во Реал, тоа можам да ви го кажам со сигурност. Ништо не е така едноставно во фудбалот, – потенцира Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни