Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта јасен: Се надевам Чави ќе остане, се додека е тука не бараме нов тренер

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес пред некое време најави дека си заминува од редовите на Барселона по крајот на оваа сезона, порака, став кој го потврди уште повеќепати во изминатиов период, но во клубот или поточно управата се уште постои надеж дека тој ќе остане на „Камп Ноу“.

Претседателот, Жоан Лапорта многу го цени, почитува и сака Чави и верува дека има можност тој да се предомисли до крајот на кампањата.

-Му кажав на Чави дека сите тренери сакаат да дојдат во Барселона, но дека нема да размислуваме за други додека тој е тука. Му кажав и дека ја почитуваме неговата одлука, но и дека играме подобро и дека се изгледа подобро. Сакам да остане и тој тоа го знае. Би сакал да продолжи и тоа му го кажав уште одамна, кога зборуваше за притисок. Му кажав дека тука секогаш има притисок. Го прашав какви се шансите да се премисли, но тој продолжи да вели дека ќе си замине на крајот на сезоната, дека сме се договориле за тоа, -рече Лапорта кој проговори и за другата опција, потенцијалниот наследник на Ернандес.

-Имаме јасна слика: тренерот што доаѓа ќе мора да се прилагоди на нашата структура. Барса не може да се менува со секој тренер што доаѓа. Барселона е над тренерите, играчите, претседателите, директорите. Понекогаш слушам приказни дека нашиот систем е надминат. Не се согласувам со тоа. Не можеме да се натпреваруваме во трчање со тимови кои се физички посилни од нас, но можеме да ја држиме топката, -порача првиот човек на шпанскиот великан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни