Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта: Ја прифатив идејата на Чави само поради тоа што е легенда на Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Жоан Лапорта денеска излезе со прва изјва по вонредниот состанок кој го имал со Чави Ернандес, на кој тренерот на првиот тим му соопштил дека ќе си оди од клубот на крајот од сезоната.

Во нормални услови, тренерот обично си дава отказ и самостојно ја напушта работата, но Чави побарал да остане до крајот на сезоната, а потоа самостојно да си замине откако сфатил дека неговото присуство може да направи проблем за Барселона.

Дел од шпанските експерти се сомневаат колку останувањето до крајот на сезоната ќе биде позитивно за тимот, па Лапорта призна дека прифатил таков услов само поради тоа што станува збор за Чави.

– Чави ме извести дека ќе си оди на крајот од сезоната. Побара од мене да ја заврши сезоната, а ја прифатив таа формула само поради тоа што тој ми ја предложи.

– Ја прифатив бидејќи се работи за легенда на Барселона. Тој е искрен човек и ја извршува функцијата со гордост и достоинство. Ја прифатив неговата идеја само поради тоа што сум уверен во неговата посветеност и посветеноста на неговиот тим, – изјави Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни