Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта ја откри неверојатната годишна плата која ја бара Мбапе за својот вреден потпис

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона тргна доста амбициозно на трансфер пазарот откако реши дека нема доволно пари да го плаќа Лионел Меси, па во еден момент се споменуваат и имиња како Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, кои сепак во моментов се недостижни за водечката структура на каталонскиот великан.

Жоан Лапорта потенцира дека клубот е насочен кон стабилизирање на финансиската ситуација која била очајна кога тој пристигнал во Барселона, па од таа гледна точка, за него незамисливо е да се плаќа еден фудбалер со годишна плата од над 20 милиони евра.

Говорејќи поточно за Мбапе, Лапорта меѓу редови откри колку вреди потписот на францускиот напаѓач кој си оди како слободен агент од ПСЖ, а кој според сите најави, веќе има договорено петгодишен престој во Реал Мадрид.

– Има операции кои не би ги направиле дури и да имавме пари, бидејќи тоа прави да се наруши годишниот буџет на плати и не смееме да си дозволиме такво нешто. Не смееме да си повториме такво нешто, да дозволиме такво трошење.

– Кога Мбапе бара 50 милиони нето плата, ние едноставно не можеме и нема да платиме. Дури и за 30 милиони нето плата нема да го направиме тоа. Според мене, не треба да се плаќа еден фудбалер ниту 25 милиони евра, – вели Лапорта во интервјуто за „Каталуња радио“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни