Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта испрати „отровна стрела“ кон Вајналдум и откри уште колку играчи ќе доведе во Барселона

Објавено

на

Жоан Лапорта денеска имаше свое обраќање пред делегатите на Барселона при организираното клупско Собрание, па покрај тоа што говореше за важноста на Супер лигата, не пропушти шанса да испрати и „отровна стрела“ до играчот кој им побегна од раце на него и одговорните лица од клубот.

Џини Вајналдум се чинеше дека има договор со Барселона, но потоа на сцена стапи ПСЖ кој му понуди двојно поголема плата, па холандскиот репрезентативец наместо на „Камп Ноу“ заврши на „Паркот на принцовите“. Ова сценарио воопшто не му се допаднало на Лапорта, кој денеска не криеше дека бил крајно разочаран и лично му го соопштил тоа на фудбалерот кој му го заврте грбот.

Исто така, претседателот на Барселона откри дека клубот ќе ангажира уште три или четири големи засилувања до крајот на летниот преоден рок, со што ќе се состави далеку поконкурентен тим од оној минатата сезона.

– Ќе направиме многу добар и конкурентен тим, ќе се засилиме дополнително. Ќе има уште три или четири засилувања до крајот. Веќе ги донесовме Ерик Гарсија, Агуеро и Емерсон, а договорен е и Мемфис Депај.

– За жал, минатата седмица ни побегна еден играч кој беше договорен. Има клубови зад кои стојат држави и можат да го украдат било кој играч. Разговарав со Вајналдум три пати и видов дека можеме да работиме заедно, имавме исти амбиции. Ќе ми беше мило да не се случеше тоа што се случи, и лично му го кажав тоа. Не сакам да страдам поради такви работи, дури и Роналд Куман беше немирен и во неизвесност за цела операција, – изјави Лапорта.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни