Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта испорача уште една важна „бомба“ на презентацијата на Кунде

Објавено

на

На официјалната промоција на Жул Кунде, претседателот Жоан Лапорта испорача уште една „бомба“ кога е Барселона во прашање, односно откри дека клубот пронашол и трета опција за рефинансирање и обезбедување на чисти финансиски средства.

По пријавените две рефинансирања кои се однесуваа на продажбата на ТВ правата, Барселона доби на располагање околу 400 милиони евра, но по потрошените пари за трансфери, Лапорта сега откри дека собрал средства и за регистрирање на фудбалерите, нешто што досега претставуавше проблем.

Лапорта обелодени дека клубот продал 25 процени од правата на „Барса Студиос“ на позната и реномирана фирма за 100 милиони евра, па тие средства сега ќе бидат пренасочени за регистрација на големите засилувања кои веќе беа претставени.

Покрај Жул Кунде, тоа се и Рафиња и Левандовски за кои беа исплатени огромни суми, но секако и Кристенсен и Кеси кои пристигнаа како слободни агенти.

– Со овој последен потег, си ја завршуваме домашната задача, ќе го завршиме и она што ни недостасуваше. Да можеме да ги регистрираме играчите без проблеми. Јас сум голем оптимист, – изјави Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни