Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта им се обрати на фановите на Барса по болниот пораз: Огорчен сум….. (Видео)

Објавено

на

Барселона изгледаше сосема безопасно и безидејно на вчерашниот натпревар против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а најпоразително за сите навивачите на каталонскиот гигант беше тоа што тимот не испрати ниту еден директен удар кон голот кој го брани Мануел Нојер.

Баерн Минхен оствари сигурна и уверлива победа од 0:3 во дербито на вечерта во која беше отворена новата сезона во најелитното натпреварување, па по разочарувачките изјави кои ги дадоа Жерард Пике и Роналд Куман, сега се јави и претседателот на клубот.

Жоан Лапорта почувствува потреба да им се обрати на повредениоте фанови на Барселона неполни 24 часа по болниот пораз од Баерн Минхен, на кои им порача дека мора да продолжат да го бодат тимот, со ветување дека сите во клубот ќе работат напорно за да се поправи актуелната слика.

– Зраво „кулерси“, огорчен сум и повреден како и вие. Ова што се случува е едно од сценаријата кои ги разгледувавме и ве молам за трпение, да продолжите да го поддржувате тимот.

– Исто така, барам да имате верба во луѓето кои го водиме клубот. Потребна ние е таа доверба и немој да имате сомнеж, ќе ја поправиме работата, – порача Лапорта во краткото обраќање.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни