Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лапорта го сподели ставот на Барселона: Супер лигата е неопходна!

Објавено

на

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, конечно отворено проговори за проектот наречен Супер лига, со што јасно стави на знаење кој е ставот на новото клупско раководство на Каталонците.

Барселона досега беше внимателна во однос на изјавите, па дури и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека најмалку му е лут на Лапорта, затоа што наследил големи долгови. Но, очигледно Лапорта не е убеден дека ситуацијата може да се промени без нов проект.

– Супер лигата е неопходна, иако членовите ќе го имаат последниот збор.

– Големите клубови учествуваат со голем процент од приходите и мора да се слушне нашето мислење во однос на дистрибуцијата на парите.

– Супер лигата мора да биде атрактивно натпреварување, базирано на спортскиот и натпреварувачкиот дух, потребни ни се повеќе средства за да го продолжиме шоуто. Исто така ние ги штитиме домашните првенства и сме отворени за дијалог со УЕФА, – изјавил Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни