Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта го искористил летниот период за значително да го поправи својот изглед (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Жоан Лапорта донесе многу тешки одлуки во месец мај и реши да му врачи отказ на Чави Ернандес, неполн месец откако легендата на Барса ја прифати одлуката да остане и наредната сезона во клубот.

Првиот човек на Барселона сее премисли во рекорден рок поради спротивставените мислења со тренерот околу изгледот на првиот тим, по што реши во друштво на Деко да го бара идеалниот човек за нивниот проект.

После извесно време, каталонскиот гигант го потврди Ханси Флик како нов тренер на првиот тим, а после одличните изднија на подготовките во Америка, водечките луѓе му го донесоа и најголемото засилување.

Дани Олмо пред два дена позираше со новите обележја на Барселона, а додека го правеше тоа, имаше друштво од Жоан Лапорта.

Претседателот на клубот не пропушти шанса да му посака добредојде на шпанскиот репрезентативец, но им привлече внимание на медиумите и со својот изглед.

Лапорта беше навистина запуштен на крајот од минатата сезона и имаше очигледен вишок на килограми, нешто што успеал да го коригира во последните три месеци.

Жоан презентираше голема физичка промена на промоцијата на Олмо, па за тоа доби и пофалби од познатите шпански новинари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни