Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта го искоментира трансферот на Мбапе и го нападна Реал: Играа многу валкано со нас

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона беше ослободена од оптужбите од надлежниот суд и остана чиста во случајот „Негреира“, скандал во кој каталонскиот гигант мораше да се брани и да докажува дека не ги подмитувал судиите.

Жоан Лапота и неговиот адвокатски тим останаа мирни и на крајот докажаа дека клубот не добил никаква придобивка од судиите, а сега кога оваа епизода е зад нив, претседателот на Барселона не пропушти да ги нападне луѓето од Реал Мадрид кои дополнително вршеа притисок и ја зголемуваа фамата.

Пред да дојде ред да зборува на таа тема, Лапорта се огласи и за трансферот кој е топ тема во Шпанија во изминативе 48 часа, односно даде свој коментар за ангажманот на Килијан Мбапе.

– За нас најважно е да се бориме за Лигата на шампионите и да победиме на сите натпревари. Што се однесува до трансферот на Мбапе, јас повеќе верувам во нашата филозофија, во филозофијата според која креираме таленти во Ла Масија, – изјави Лапорта, кој не пропушти да го нападне големиот ривал.

– Реал Мадрид играше многу валкано со нас и испраќаше извештаи против судиите преку својата телевизија. Со таквите потези, тие се обидоа да ја свртат историјата против нас. Знам дека го правеа тоа со намера, Реал Мадрид е најфаворизиран тим од судиите низ историјата. Никој не можеше да докаже дека сме купиле натпревари или судии, од едноставна причина што не го направивме тоа, – изјави Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни