Шпанија
Лапорта го активираше планот Б, Барселона конечно го решава „проблемот Олмо“
Првостепениот суд во Барселона ја одби жалбата на Жоан Лапорта и неговиот правен тим и не дозволи регистрација на Дани Олмо во услови кои не ги исполнуваат правилата на Ла Лига, па така каталонскиот великан се најде во крајно незавидна ситуација на три дена пред истекот на 2024-та година.
Барса има обврска да го реши проблемот најдоцна до 31-ви декември во обидот да не дозволи Олмо да стане слободен агент, а последните информации кои доаѓаат од Каталонија одат во позитивен контекст за клубот и навивачите, бидејќи Лапорта на крајот сепак прифатил да го вклучи планот Б.
Претседателот на клубот се согласил да отстапи огромен дел од Вип ложата на реновираниот „Спотифај Камп Ноу“ во период од 20 години во замена за 120 милиони евра, а оваа сума ќе биде доволна Барса конечно да го реши „проблемот Олмо“ и да стави крај на сагата која трае од летниот преоден рок.
Тогаш, Барселона успеа да го регистрира Олмо за првиот дел од сезоната поради тешката повредата на Кристенсен, но беше јасно дека клубот ќе мора да бара ново решение за вториот дел од сезоната.
Како што пренесуваат угледните медиуми од Каталонија, единствено решение останало отстапување на ВИП ложата, па така покрај Олмо, Барселона ќе може да го регистрира и Пау Виктор.
-
Светски првенства15 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија14 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП13 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
Светски првенства24 часа
Луд финиш во режија на браќата Душебајеви: Алекс погоди, Даниел спречи чист гол во последната секунда (Видео)
-
АТП7 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Германија11 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Шпанија23 часа
Чаби Алонсо: Времето минува, но мојата врска со Реал останува незаборавна