Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта ги откри плановите на Барселона за летниот преоден рок

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ги откри плановите на клубот за летниот преоден рок.

Нивниот голем ривал Реал Мадрид ќе го донесе Килијан Мбапе, а медиумите најавуваат и други топ засилувања како Алфонсо Дејвис, Трент Александар Арнолд…па реално е да се постави прашањето дали Барса ќе може да одговори со некој сличен потег со оглед на специфичната финансиска состојба.

Низ медиумите секогаш има одредени шпекулации, се спомена и името на Ерлинг Халанд, меѓутоа Лапорта порача дека не се очекува да има бомбастични засилувања.

-Едноставно, ние не го гледаме тоа како неопходно. Ќе има некои измени, -истакна Лапорта кој смета дека може да има едно или две освежувања во екипата.

-Не гледам дека е неопходно да се направи инвестиција која може да го наруши она што го градиме, а тоа е избалансиран тим. Следната година повторно ќе го имаме Гави, што дава енергија. Педри и Френки се играчи од светска класа како сите што ги имаме, -порача претседателот за „Мундо Депортиво“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни