Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта ги именуваше трите фудбалери со кои ќе започне реновирањето во Барселона

Објавено

на

Жоан Лапорта очекува победа на претседателските избори во Барселона кои ќе се одвиваат претстојниот викенд, а како човек кој и е добро познат на јавноста, го користи своето искуство и на најдобар можен начин го презентира својот планиран проект.

Лапорта е главен фаворит во пресрет на претседателските избори и претпоставките се дека по вторпат ќе раководи со каталонскиот гигант по незаборавната прва етапа која ја имаше во клубот, со тоа што и самиот е свесен дека оваа втората ќе биде далеку попредизвикувачка поради тешката состојба во која се наоѓа великанот.

Лошата финансиска состојба, на почетокот ќе го примора клубот да се потпре на она што го поседува во својот тим, иако Лапорта тврди дека Барселона сепак ќе може да прави трансфери во граници на дозволеното.

Најпознатиот кандидат на изборите, одново порача дека негов приоритет е да го задржи Лионел Меси, но исто така ги именуваше и тројцата фудбалери со кои треба да започне реновирањето во тимот.

– Ансу Фати, Педри и Дембеле се играчите со кои ќе започне реновирањето во тимот. Тоа се тројцата играчи кои имаат фантастична иднина. Ансу е прв на листата за добивање професионален договор. Се надевам дека брзо ќе се договориме со неговиот агент Мендеш.

– И покрај се, Барселона ќе може да купува. Клубовите ќе мора да го почитуваат финансискиот фер-плеј, но ќе имаме одредени ресурси за нови фудбалери. Нема да откривам имиња, ќе кажам само дека веќе ми се јавија пет агенти на фудбалери, – обелодени Лапорта за „Кадена Сер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни