Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта: Чави треба да ја донесе вистинската одлука!

Објавено

на

Глобалната криза со КОВИД-19 може да му донесе дополнителни 12 месеци на Хосеп Марија Бартомеу како мандатар на Барселона, бидејќи пред појавувањето на коронавирусот, имаше сериозни најави дека ќе има вонредни претседателски избори на „Камп Ноу“, една година пред предвиденото.

Сепак, огромната криза која настана не ветува дека ќе видиме такво сценарио во наредните неколку месеци, што значи дека изборите ќе ги видиме во регуларен тек, односно летото 2021-ва година. Повеќе од јасно е дека Бартомеу ќе има сериозна конкуренција и огромни се шансите да биде убедливо поразен, а еден од неговите против кандидати се очекува да биде успешниот Жоан Лапорта.

– Веќе бев претседател на Барселона и работиме да бидам кандидат. Се буди огромна страст повторно да работам во Барселона. Би сакал Пеп Гвардиола да биде повторно мој тренер, но во моментов е во Манчестер Сити и не можеме да зборуваме за вреќање. Кога ќе дојде адевактниот момент, ќе зборуваме со личноста која ја сметаме за идеален тренер, – вели Лапорта за „ТВ3“ и додава.

– Враќање на Чави? Тоа е личност којашто живее за фудбал и тој треба да одлучи кој е неговиот вистински момент.

– Треба да размислуваме дека во 2021-ва година ќе има фудбалери кои беа негови соиграчи, треба да размисли дали е подготвен да ги води нив како тренер. Тоа не е лесно, но сигурен сум дека ќе ја донесе вистинската одлука. Порано или подоцна, тој ќе ја води Барса, – завршува Лапорта кој ја водеше Барса како претседател во најуспешните години кога тренер беше Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни