Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта бесен: Скандал! Да не се досуди пенал над Кунде…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Барселона не дојде до посакуваниот резултат на гостувањето во Мадрид кај Хетафе каде беше освоен само еден бод.

Каталонците добро знаеја со каков противник ќе се соочат и што ги очекува, на време го отворија резултатот, но потоа примија гол по првата шанса на противникот за 1-1. Во преостанатиот дел од средбата имаа шанса кои не ги реализираа, а имаше и една доста спорна ситуација во второто полувреме кога Уче имаше сериозен контакт со Кунде, меѓутоа ниту главниот судија, ниту ВАР собата не се огласија што донесе дополнителна нервоза кај гостите.

Своето незадоволство денеска го искажа претседателот на Барселона, Жоан Лапорта кој пред медиумите порача:

-Срамотно беше судењето на мечот со Хетафе. Скандал е недосудениот пенал над Кунде. Скандал. Тоа треба да го повторувате, -истакна Лапорта.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни