Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта: Алаба во Реал? Не верувам…

Објавено

на

Фаворитот за нов претседател на Барселона, Жоан Лапорта даде свој коментар на последните информации дека Реал Мадрид успеа да ги обезбеди услугите на Давид Алаба.

Алаба е во последните месеци од договорот од Баерн Минхен и скоро е повеќе од сигурно дека си заминува од Германија, па повеќе гиганти се поврзуваат со неговиот потпис. Меѓутоа „Марка“ излезе со вест дека Давид ги договорил сите услови, личните примања и дека од наредната сезона ќе игра во Мадрид, информација која потоа ја негираше таткото на фудбалерот, господинот Џорџ.

Лапорта за кого дел од медиумите пишуваат дека би можел да биде фактор за да Австриецот премине во Барселона исто така не верува оти Алаба си има подадено рака со „кралевите“.

-Не верувам дека Реал има договор со Алаба. Првото нешто што ќе направам е да разговарам со сегашниот спортски директор за да дознаам како стојат работите. Подготвен сум да ги направам спортските подобрувања што мислам дека ни требаат, -рече Лапорта притоа говорејќи и за сегашниот тренер на каталонците, Роналд Куман.

-Куман има валиден договор и тој е одличен во Барселона. Тој бара начин да нè направи среќни. Чави е предност на клубот и на крајот ќе биде тренер, но засега сакам да ги мотивирам Куман и играчите, -порача Жоан кој се бори да се врати на жешкото столче на „Камп Ноу“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни