Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта: Ако јас не победам, Меси ќе си замине од Барселона

Објавено

на

Останува уште многу малку до претседателските избори во Барселона, а како што се ближи денот така и се вжестува атмосферата за лидерската позиција во шпанскиот великан.

Фаворит за нов претседател е Жоан Лапорта кој во пресрет на изборите испрати порака во која порача дека само тој може да го задржи Лионел Меси во Барселона. Познато е дека договорот на Аргентинецот му истекува на крајот на кампањата и останува под голем знак прашалник дали и понатаму ќе остане на „Камп Ноу“.

Лапорта го познава Меси од минатото, па е убеден дека ако биде избран Барса ќе успее да го задржи капитенот кој со години е нивен најдобар играч.

-Сигурен сум дека ако некој друг победи на изборите, Меси нема да остане во клубот,- рече Лапорта во дебатата меѓу тројцата кандидати. Имам добар однос со него, има многу почит. Ние ќе му понудиме понуда заснована на ситуацијата во клубот.

-Можеби не можеме да се натпреваруваме финансиски, но со Меси не му се најважни парите. Тој сака да ја заврши својата кариера на највисоко можно ниво,-истакна Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни