Лансирана новата Опел Инсигнија на македонскиот пазар

insignia sport face 2017

Опел ја искористи македонската премиера на новиот модел Инсигнија за да ги потенцира сите предности на ова возило наспроти ривалите од премиум класата и да испрати јасна порака дека германскиот квалитет е подостапен на овој начин.

Директорот на продажната мрежа на Опел за повеќе балкански земји, Драган Ненадовиќ, на националната премиера говореше за Инсигнија и за нејзината оплеменетост со најновите механички и софтверски решенија. Така од една страна е нагласена штедливоста во потрошувачката, а од друга страна напредокот во автоматското пилотирање (темпомат) кој сега реагира на варијабили како пешаци, бавни возила и слично. Софистицираноста на Инсигнијата е невозможно да се избегне, а впрочем тоа и не е за изненадување ако се знае дека ова возило со својата првата генерација беше прогласен за „Автомобил на годината во Европа“ во 2009 година и од тогаш наваму е продаден во 900 илјади примероци.

На промоцијата беше речено дека во кабината е добиен простор по сите параметри, што јасно упатува на подобрениот комфор, а исто така направен е исчекор на секое поле за возилото да биде позабавно за возење, вклучувајќи ги и интелигентните фарови, конективноста со мобилните телефони.

Редакцијата на „Дерби“ ќе објави повеќе детали за овој автомобил кога ќе го добие на пробно возење.

insignia sportback 2017

Facebook Коментари