Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лани беше Халанд, а кој ќе биде оваа година? -11 млади играчи кои се очекува да блеснат во Лигата на шампионите

Објавено

на

Минатата година во Лигата на шампионите освен по победничкиот танц на Баерн Минхен ќе остане запаметена и по настапот низ целото натпреварување на еден играч, Ерлинг Халанд кој до лани беше непознаница за фудбалските вљубеници ширум светот.

Кога Ред Бул Салцбург падна во група со Наполи и Ливерпул малкумина веруваа дека овој тим од Австрија може да направи нешто.

Но, тогаш дојде средбата со Генк на која се истакна дотогаш непознатиот тинејџер Халанд кој постигна три погодоци, за веќе во следниот натпревар да му даде гол и на Ливерпул. Голгетерските способности ги покажа и против Наполи на кого му даде два погодоци, а потоа до крајот на групната фаза постигна уште два гола.

Фантастичните настапи му донесоа трансфер во Борусија Дортмунд каде исто така на својот прв натпревар постигна два гола и тоа против тимот на ПСЖ. Со тоа стигна до бројката од десет постигнати погодоци и застана на второто место на листата на стрелци во најелитното европско натпреварување.

„Дејли Мејл“ сега, пред почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите издвои 11 млади фудбалери кои би можеле да блеснат на европската сцена оваа година, а тоа се: Џовани Рејна (Борусија Дортмунд), Едуардо Камавинга (Рен), Ансу Фати (Барселона), Џуд Белингем (Борусија Дортмунд), Мејсон Гринвуд (Манчестер Јунајтед), Доминик Сзобослаи (Ред Бул Салцбург), Дејан Кулушевски (Јувентус), Мохамед Кудус (Ајакс), Фил Фоден (Манчестер Сити), Микаел Кузенс (Марсеј), Патсон Дака (Ред Бул Салцбург).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни