Поврзете се со нас

Англија

Лани бараа 70 милиони фунти, годинава ќе го пуштат за многу помалку: Вулверхемптон се ослободува од Траоре

Објавено

на

blank

Од редовите на Вулверхемптон се подготвени да ги слушаат понудите за нивниот крилен фудбалер, Адама Траоре кој беше во центарот на вниманието минатата сезона.

Шпанскиот репрезентативец играше одлично во текот на ланската година и со право ги привлече симпатиите на фудбалската јавност, а со неговите настапи си обезбеди и место во репрезентацијата на Шпанија.

Таквите настапи доведоа и до сериозен интерес од големите англиски екипи, пред се најзагреан беше Ливерпул, а интерес имаше и од Барселона, Севилја и Манчестер Сити, меѓутоа Вулверхемптон бараше неверојатни 70 милиони фунти за неговите услуги.

Сега, „Дејли Мејл“ пишува дека Вулверхемптон ќе ги слуша понудите за својот фудбалер и ќе прифати сума во висина од околу 30 милиони фунти.

Причината за тоа е катастрофалната сезона која ја има Траоре во која на 26 натпревари во Премиер лигата има запишано само една асистенција без ниту еден погодок, за разлика од лани кога имаше девет асистенции и шест голови, но беше многу поубедлив и во својата игра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни