Поврзете се со нас

Европски првенства

Ландо Норис бил ограбен по финалето на ЕП на „Вембли“

Објавено

на

Формула 1 ѕвездата Ландо Норис долго нема да ја заборави посетата на фудбалскиот храм „Вембли“, при која доживеа два тешки моменти.

Пилотот на Мекларен бил дел од ВИП друштвото на финалето на Европското првенство, но на крајот и дел од присутните кои беа разочарани од поразот на Англија од Италија.

За искуството од неделата навечер да биде уште полошо се погрижиле две непознати лица, кои му украле скап часовник на Норис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lando Norris (@landonorris)

Во периодот кога Ф1 ѕвездата се упатила кон својот автомобил, бил пресретнат од две лица и насила му бил одземен часовник вреден 40.000 фунти, објавија англиските медиуми.

Едниот напаѓач го држел, а другиот насила му го извадил Richard Mille часовникот, по што двајцата побегнале во непознат правец.

Мекларен го потврди инцидентот, наведувајќи дека за среќа Ландо не бил повреден, додека истрагата за другиот дел и е препуштен на полицијата.

Норис ќе мора брзо да го заборави инцидентот, бидејќи претстојниот викенд го очекува британското гран-при, а тој повторно е меѓу возачите од кои се очекува висок пласман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни