Лига на шампиони
Ландин забележа клучна одбрана, Кил го елиминира ПСЖ од ЛШ (ВИДЕО)

Германскиот ракометен прволигаш Кил е последниот патник на завршниот турнир во Лигата на шампионите и тоа откако вечерва по еден супер возбудлив и неизвесен меч славеше над Пари Сен Жермен со 33-32.
Првата средба во Франција заврши со резултат 30-30, па тоа беше една најава за реваншот кој донесе голема драма, борба и клучна одбрана на Ландин со звукот на сирената за пласман на „зебрите“ на Ф4 во Келн.
Во првиот дел подобри беа избраниците на Раул Гонзалес со 19-17, второто полувреме и припадна на четата на Јиха со 16-13 со тоа што последниот напад на средбата го имаа гостите преку Стеинс кој се обиде да го изненади Ландин со ниска топка, меѓутоа Данецот го прочита, жива ја фати топката за победа и големо славје на домашниот тим и навивачи.
The big moment for @thw_handball ⭐ Niklas Landin saves the last shot from @psghand and the #ehfcl 2019/20 winners celebrate their return to Cologne 🙌#motw #ehffinal4 pic.twitter.com/jfeRsQtvY7
— EHF Champions League (@ehfcl) May 19, 2022
Ремили со 8 погодоци беше прв стрелец на натпреварот, еден помалку даде Магнус Ландин Јакобсен.
Претходно па Барселона по вторпат беше подобра од Флензбург (27-24) и со тоа им се приклучи на Веспрем и Виве Киелце кои вчера го потврди билетот за завршницата во ЛШ.
-
Светпред 23 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 24 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
АТПпред 22 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон
-
Светпред 20 часа
Тите: Оној тренер кој го игра Нејмар на крило е магаре!
-
Шпанијапред 21 час
Клајверт: Лапорта дојде и си стави свој познаник на мое место