Поврзете се со нас

Англија

Лампард застана во одбрана на најзагрозениот играч на Челси: Третманот кој го добива станува нефер

Објавено

на

Челси и Тотенхем утре ќе одиграат дерби пресметка во Карабао Купот, натпревар кој за двата тима доаѓа по непријатните реми исходи кои ги имаа во Премиер лигата изминатиов викенд.

Тотенхем несреќно прими гол во 95-та минута, додека Челси мораше да се враќа од огромна негатива, но на крајот се избори само за реми од 3:3 против Вест Броимвич Албион.

Куп пресметките меѓу ривалите обично се многу подинамични од оние кои се играат во Премиер лигата, а во воведот за дербито кое се игра утре во Северен Лондон, Френк Лампард се одлучи да застане во одбрана на најзагрозениот играч во Челси.

Кепа Аризабалага се најде на удар од цела јавност откако направи аматерска грешка против Ливерпул во дербито во второто коло, па медиумите почнаа да излегуваат со заклучоци дека Шпанецот веќе го одиграл својот последен меч за Челси, особено откако клубот го ангажираше Менди од Рен.

– Морам да ве прекинам и нема да одам до таа точка, да кажам дека го одиграл последниот меч за Челси. Кепа минува низ тешки моменти, јас го знам тоа и самиот го знае тоа. Но, никако не смееме да донесуваме таков заклучок.

– Треба да размислиме сите, тој е младо момче, сите очи се вперени кон него и третманот кој го добива станува многу нефер. Мора да го заштитам пред сите и затоа јавно го кажувам ова. Тој е добро момче, игра максимално професионално и се обидува да го даде најдоброто од себе, – изјави Лампард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни