Поврзете се со нас

Англија

Лампард за играчот кој треба да биде најголем добитник од неговото доаѓање во Челси: Знам што можам да добијам од него

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Френк Лампард во својата прва етапа како менаџер на Челси ги промовираше во првиот тим Мејсон Маунт и Рис Џејмс, фудбалери кои оваа сезона се соочуваат со комплетно различни искуства во Лондон.

Десниот бек е прв избор секогаш кога е достапен за игра, но Мејсон Маунт се претвори во проблем во последните неколку месеци, па на последните два меча не одигра ниту една минута, иако беше достапен за Потер, а потоа и за Бруно Салтор.

Преговорите за нов договор влегоа во „ќор-сокак“ и Ливерпул почна да се споменува како потенцијален клуб кој би издвоил доста пари за него, но во ситуација кога овој проблем ќе се решава на лето, може слободно да се каже дека Маунт треба да биде најголем добитник од враќањето на Лампард.

Френк има максимална доверба во Маунт и го тренираше во Дерби и Челси, па негова намера ќе биде што побрзо да дознае во каква ментално-физичка состојба е фудбалерот кој беше клучен во неговата прва епизода како менаџер.

– Мејсон секогаш бил фантастичен играч кога јас сум го тренирал. Така беше и во Дерби и во Челси. Знам дека имаше неколку проблеми со повреди, мора да разговарам со него и да дознаам во каква состојба се наоѓа. Јас знам што можам да добијам од Мејсон, тој е клучен играч за Челси. На највисоко ниво, секогаш има многу конкуренција во еден тим, но мислам дека ова ќе биде позитивен проблем за мене во краток период, – изјави Лампард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни