Поврзете се со нас

Англија

Лампард за големиот успех на Тухел: Имав измешани чувства по освоената титула на Челси во ЛШ

Објавено

на

Френк Лампард за првпат даде коментар во јавноста по крајот на натпреварувачка сезона на клупски план и освоената титула на Челси во Лигата на шампионите, тим кој успеа да дојде до ваков успех откако се раздели со младиот англиски стручњак на средина на сезоната.

Лампард заработи отказ од Роман Абрамович на крајот на месец јануари, а иако фановите на Челси беа против оваа одлука во тој период, четири месеци подоцна брзо заборавија на заминувањето на легендата бидејќи човекот кој го наследи ја освои титулата во најелитното натпреварување. Лампард во денешното гостување во англиското студио призна дека имал измешани емоции по освоената титула на Челси во финалето, но не пропушти да му честита на Тухел за одлично завршената работа.

– Ќе бидам искрен, имав измешани чувства по освоената титула на Челси во Лигата на шампионите. Тоа е така поради фактот што сакав да бидам дел од тој успех. Јас бев дел од создавањето на тимот, сакате да бидете менаџерот кој го води тој тим. Јас имав свој удел во тимот, но Тухел заврши фантастична работа откако го презема тимот и заслугата е негова.

– Кога го гледав натпреварот, како човек на Челси, најмногу бев среќен за радоста на навивачите, а второ поради играчите кои добија шанса со мене и кои имаа такви перформанси на највисоко ниво.

– Маунт, Џејмс, Менди, Чилверл и Тиаго Силва дојдоа во мое време и тоа ме направи навистина горд. Сите тие имаа големо значење во освоената титула. Сепак, сакам да нагласам, тој успех не е мој. Тоа беше фантастично нивно остварување и одлично изменаџирано од Томас, – изјави Лампард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни