Лампард: Време е да го заборавиме Азар

lampard-palec

Френк Лампард немаше посакувано деби на клупата на Челси, но фановите на лондонскиот клуб веројатно најлесно ќе му простат за високиот пораз од Јунајтед, со евентуална победа над Ливерпул во европскиот Супер куп.

Лампард и на последната прес-конференција најави дека нема да отстапи од својата концепција да вклучува во составот и млади играчи, а го коментираше и заминувањето на првата ѕвезда, Еден Азар.

– Избирам состав кој сметам дека најмногу ќе не приближи до победата, возраста не е важна. Играта во неделата не беше лоша, но мора да извлечеме поуки од поразот.

– Што се однесува до промените во составот, јас бев голем фан на Еден Азар, во Челси стана еден од најдобрите светски фудбалери и покажа дека има лидерски способности. Немаме вистинска замена за него, но мора да го заборавиме, одиме напред, Челси продолжи и по заминувањата на Тери и Дрогба, ќе продолжи и по заминувањето на Азар, – потенцира Лампард.

 

Facebook Коментари