Поврзете се со нас

Англија

Лампард разочаран по вчерашниот натпревар најави засилувања: Вечерите како оваа ми покажуваат многу

Објавено

на

Челси претрпе уште еден голем пораз од Баерн Минхен и со вкупни 7:1 беше елиминиран од германскиот гигант во осмианфиналето од Лигата на шампионите.

Клубот од „Стемфорд Бриџ“ ќе мора да поработи на составот во пресрет на следната сезона доколку сака да избегне вакви посрамувања на големите натпревари во најелитното натпреварување.

Тоа го најави и самиот Френк Лампард кој потврди дека вечерите како оваа му покажале дека треба да се реагира на трансфер пазарот.

– Работиме на нови засилувања, тоа е нашата работа. По трансфер забраната можеше да се почувствува дека ни недостига нешто што другите тимови го направија подобрувајќи го својот состав.

– Вечерите како оваа во фудбалска смисла ми покажаа многу. Засега се водат само преговори, сега сезоната е завршена. Сега е време да видиме каде може да се подобриме и на кои позиции може да се засилиме, -изјави Френк Лампард.

Младиот стратег за следната сезона ќе ги има Хаким Зијеш и Тимо Вернер, но се очекува во клубот да пристигнат уште најмалку двајца проверени фудбалери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни