Поврзете се со нас

Англија

Лампард призна дека нема близок однос со Абрамович: Ситуацијата во клубот не е како во првите години

Објавено

на

Френк Лампард имаше навистина многу близок однос со Роман Абрамович додека беше играч од првиот тим на Челси, но ситуацијата во моменти кога легендарниот играч за врска ја има улогата на менаџер на првиот тим.

Лампард во последното интервју за „Атлетик“ призна дека односно не е ниту одблиску идентичен и сличен како порано, од едноставна причина што газда Роман многу ретко, или речиси никогаш не доаѓа во Англија откако имаше проблеми со визата за влез во Британија.

Абрамович после пауза од една и пол година гледаше меч во живо на Челси минатиот месец против Краснодар бидејќи истиот се играше во Русија, па Лампард извештаите за својата работа ги поднесува на жената која ја има улогата на десна рака на Роман, Марина Грановскаја.

– Абрамович беше редовен во тренинг центарот на Челси и постојано го гледавме во раните години. Но, кога се вратив во клубот, тоа повеќе не е така. Сега Марина има најважни задолженија, таа го контактираше Дерби за да се реализираме мојот менаџерски премин.

– Го видов Роман во пресезоната минатата година и имаше голема насмевка. Од тој момент, сум немал блиска средба и близок однос со него. Иако давам извештаи за мојата работа после натпреварите, сето тоа оди преку Марина и можам да кажам дека сум задоволен од таквата комуникација. Ја чувствувам неговата поддршка од далеку, – открива Лампард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни