Лампард приреди вистинско шоу на „Олд Трафорд“ откако ги шокираше Мурињо и Јунајтед (Видео)

lampard-old

Френк Лампард ја оствари првата голема победа во својата менаџерска кариера, откако оваа вечер излезе како победник во дуелот со својот учител од времето во Челси, португалскиот стручњак Жозе Мурињо кој доби уште еден незгоден уда како предводник на Манчестер Јунајтед.

Второлигашот Дерби влезе како апсолутен аутсајдер во Карабао дуелот со Јунајтед, но на крајот успеа да направи сензација без разлика на тоа што Фелаини израмни на 2:2 во 95-та минута. Момците на Лампард ја задржаа смиреноста и покажаа поголеми нерви во пенал рулетот кој го добија со 8:7, а тоа дефинитивно посебно го воодушеви поранешниот играч на Челси кој напарви вистинско шоу на театарот на соништата.

Лампард беше пресреќен од победата, па ги тераше своите играчи да скокат со цел да ги отпоздрават навивачите на Дерби кои допатуваа на „Олд Трафорд“.

Facebook Коментари